Барса против Интер, Реал Мадрид против Милан во групната фаза од Лигата на Шампионите
Реал Мадрид ќе игра против Милан, Интер ќе се сретне со Барселона во фазата по групи од Лигата на Шампионите, вака денеска одлучи ждребката во Монако.
против своите стари клубови.
Денеска во Монако беа извлечени групите за Лигата на Шампионите, шампионот Барселона ќе игра против Интер, Ибрахимовиќ и Ето ќе се сретнат
Покрај Барселона и Интер, во групата Ф се уште и Динамо Киев и Рубин Казан.
Ждребката сакаше Кака да се врати на Сан Сиро, Реал Мадрид за противник го доби Милан, во групата Ц се уште екипите на Марсеј и Цирих.
Интересна ќе биде и групата А во која се наоѓаат Баерн Минхен, Јувентус, Бордо и Макаби Хаифа.
Арсенал имаше најмногу среќа во ждребката, за противници ќе ги има Арсенал, АЗ Алкмар и Стандард.
Група А
Баерн Минхен
Јувентус
Бордо
Макаби Хаифа
Група Б
Манчестер Јунајтед
ЦСКА Москва
Бешикташ
Волзбург
Група Ц
Милан
Реал Мадрид
Марсеј
Цирих
Група Д
Челзи
Порто
Атлетико Мадрид
АПОЕЛ
Група Е
Ливерпул
Лион
Фиорентина
Дебрецин
Група Ф
Барселона
Интер
Динамо Киев
Рубин Казан
Група Г
Севиља
Глазгов Ренџерс
Штутгарт
Униреа
Група Х
Арсенал
АЗ Алкмар
Олимпијакос
Стандард
28.08.2009
Меси ја доби наградата за Најдобар фудбалер од УЕФА Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ја доби наградата Фудбалер на Годината според УЕФА.
Сосема очекувано и заслужено наградата за Фудбалер на Годината според УЕФА му е доделена на Лионел Меси. Аргентинецот имаше фантастична сезона со Барселона во која му помогна на каталонскиот клуб да дојде до хет-трик, трофеј во Купот на Шпанија, во Примера и во Лигата на Шампионите. Покрај наградата за фудбалер на годината, Меси го доби признанието Напаѓач на Годината. Најдобар фудбалер од средниот ред за минатата сезона е прогласен Чави Хернандес. Титулата најдобар дефанзивец му примпадна на капитенот на Челзи, Џон Тери кој и лани го доби истото признание. За најдобар голман е прогласен чуварот на мрежата на Манчестер Јунајтед, Едвин ван дер Сар. |
27.08.2009
Чигрински: Горд сум што Барселона ме забележа Дефанзивецот на Шахтјор, Дмитро Чигрински на денешната прес-конференција во пресрет на Европскиот Суперкуп дуел потврди дека во сабота ќе биде нов фудбал на Барселона
Медиумите од Шпнанија утрово објавија дека Чигрински е нов фудбалер на Барселона но целата трансфер зделка ќе биде комплетирана викендов поради желбата на Шахтјор дефанзивецот да настапи на Европскиот Суперкуп дуел, токму против Барселона.
На денешната прес-конференција во пресрет на дуелот, Мирчеа Луческо, тренерот на Шахтјор и Чигрински го потврдија трансферот во Барселона.
“Мислам дека зделката е комплетирана.” – рече Луческу. “Условите беа играчот ад настапи за нас во петок на дуелот со Барселона.”
“Ова е голема чест за Шахтјор по освојувањето на УЕФА Купот, еден од најдобрите клубови посакуваат да го ангажираат нашиот играч.”
“Тој има само 22 години, скоро 23, се работи за голем талент и тој многу позитивно ќе се развие во Барселона.”
“Кога Барса ќе праша за некој играч многу е тешко да се каже не, но ова е ситуација во која сите се победници, клубовите и играчот. Единствениот кој губи е тренерот бидејќи е потребно да пронајдам нов систем и да изградам нов тим.”
Чигрински додаде: “Секој фудбалер сонува за Барселона и клуб од таков калибар.”
“Утре натпреварот ќе биде многу посебен за мене, но јас сум професионалец и ќе дадам максимум во последниот натпревар за Шахтјор.”
“За момент ќе заборавам за мојата преселба во Барселона, барем до крајот на натпреварот, тоа е сосема друга приказна. Но во моментов размислувам само на утрешниот натпревар.”
27.082009
Манчестер Јунајтед - Арсенал (саб. 18:15 СИТЕЛ)
Во сабота во терминот од 18:15 на Олд Трафорд се игра дербито на Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Арсенал. Тоа се екипите кои доминираат во Премиер лигата и освоија дури 14 трофеи од вкупно 17-те. Јунајтед (14) и Арсенал (3).
Тоа ќе биде средба на менаџерите кои се со најголем стаж во екипите од Премиер лигата. Ова ќе биде нивни 41 дуел, Ферги има 15, а Венгер 14 победи.
Арсенал старуваше одлично, на две средби постигна 10 гола и моментално е со 100% учинок. Од друга страна пак Ферги киксна онаму кај што најмалку се надеваше, против Барнли, Јунајтед загуби со 1:0, но потоа експлодираше на Џеј-Џеј Би со Виган кога го совлада со 5:0.
Далеку поголеми мотиви на овој натпревар ќе имаат “топџиите“ пред се поради срамот кој лани “црвените ѓаволи“ им го нанесоа во полуфиналето од ЛШ. Тогаш Јунајтед со 4:1 ги растури среде Емирати и се пласираше во финалето.
Проблеми со составите имаат и двата менаџери. Поголеми маки има Венгер. Во составот ќе ги нема Волкот, Насри и Росицки, а најверојатно откако паузираше на дуелот со Селтик во тимот ќе се врати плејмејкерот Цеск Фабрегас, па можно е младиот Арон Рамзи да добие шанса. Чехот Росицки се опорави, но ќе треба бар уште две недели да поминат за да се зацврсти.
Во составот на Фергусон, сигурно отсутни ќе бидат Рио Фердинанд, Едвин ван дер Сар и десниот бек Рафаел, а веќе подолго време надвор од терените е Харгрејвс. Тоа значи дека Џони Еванс ќе стартува во централната линија, а Вес Браун (Џон О'Ши) ќе биде десен бек.
За разлика од минатите дуели во овј ќе ги нема Роналдо, Тевез, Туре и Адебајор. Со тоа може квалитетот ќе биде намален, но борбеноста и темпото на играта ќе останат исти и затоа и не очекува интересен натпревар.
Ферги би требало да стартува со поцрвста средина, се со цел да се направи цврста двојна линија во дефанзива и да се разбие доминантната средина на Арсенал, како и да се запрат страничните продори на Аршавин и најверојатно Ван Перси(Едуардо). Затоа се очекува Јунајтед да игра формација 4-3-3, со Бербатов како класичен, а Руни и Валенсија(Нани) од по страните. Керик и Флечер сигурно ќе бидат во средината, а другиот ќе зависи од изборот на формацијата на Ферги. Можно е Парк да добие шанса, а и Андерсон.
Кај Арсенал пак Венгер ќе си игра стандардно како што играше и досега, 4-3-3 формација, единствено не се знае кој ќе биде деструктивец, дали Дијаби или Сонг. Исто прашање е дали Едуардо ќе добие предност пред Бентнер за кој по незнам кој пат ќе кажам, незнам зошто и го бираат во составот на Арсенал. Аршавин би требало да биде доста мотивиран и да покаже дел од своите квалитети кои некако се срами да ги презентира оваа сезона.
Особено ќе фали пробивниот Волкот, пред бидејќи Евра обожава да оди напред и се отвара дупка на таа страна, па можно е Аршавин да дојде таму, а Едуардо(Ван Перси да оди лево). Тоа е најслабата точка во одбраната на Манчестер и Венгер го знае тоа и ќе се обиде да го искористи.
Од друга стрна пак Ферги сега нема полетни крила и ќе се обиде со дисциплинирана игра да начека некоја грешка на одбраната на Арсенал и Берба и Руни да ја искористат или пак може да ја искористат одличната скок-игра на дефанзивците при некоја нафрлена топка. Лани многу пати Видиќ им носеше таква победа. Јунајтед ќе игра пресинг по целиот терен, а Арсенал на прва ќе се обиде да ја изнесе топката од својата половина и да биде опасен.
Фаворит нема, може Јунајтед поради домашниот терен, но тоа немора да значи ништо. Ќе биде еден цврст натпревар, пред се поради Манчестер Јунајтед, но ако падне некој случаен гол на почетокот ќе не очекува одличен и отворен фудбал како што на неколку наврати демонстрирале овие две екипи.
Манчестер Јунајтед: Фостер, Браун, Еванс, Видиќ, Флечер, Керик, Парк (Андерсон), Нани, Руни и Бербатов
Арсенал: Алмунија, Сања, Вермаелен, Галас, Клиши, Дијаби, Денилсон, Фабрегас, Аршавин, Едуардо и Ван Перси
27.08.2009
Во пресрет на миланското дерби кое се игра во сабота навечер, во медиумите се огласи и Самуел Ето кој најави дека иако нема да постигне гол Интер ќе победи.
“Се надевам дека дербито ќе биде исполнето со многу добри потези. Со голема почит спрема Милан, но мислам дека ќе победиме. Не верувам дека ќе постигнам гол, но уверен сум во победа на Интер.“
При тоа Ето го искомнтриа и ждребот за групете во ЛШ. “Барселона е уникатен тим, за да им се приближиме ќе мора многу да освојуваме. Мислам дека одиме во таа насока, а и наш предводник е Жозе Мурињо. Ако со него не ја освоиме ЛШ, тешко со било кој друг.“ - изјави Камерунецот за Gazetta dello sport.
27.08.2009
Денес во Монако беа извлечени и групите за Европа лигата. Во иста група се паднаа Горан Пандев (Лацио) и Дарко Тасевски (Левски). Горан Попов (Херенвен) е во групата D заедно со Спортинг и Херта. Ристе Наумов (Славија Прага) има тешки противници во Валенсија, Џенова и Лил во групата B.
Од земјите во регионот, Динамо Загреб е во група со Ајакс, Андерлехт и Темишвар. Додека Партизан го доби шампионот од минатата сезона Шахтјор, Бриж и Тулуз, една од потешките групи. ЦСКА Софија е во може најтешката група Е во која се и Рома, Базел и Фулам.
Група A
Ајакс | |
Андерлехт | |
Динамо Загреб | |
Темишвар |
Група B
Валенсија | |
Лил | |
Славија Прага | |
Џенова |
Група C
Хамбург | |
Селтик | |
Макаби Тел-Авив | |
Рапид Виена. |
Група D
Спортинг
Херенвен
Херта
Вентспилс
Група E
Рома | |
Базел | |
Фулам | |
ЦСКА Софија |
Група F
Панатенаикос | |
Галатасарај | |
Динамо Букурешт | |
Штурм |
Група G
Виљареал | |
Лацио | |
Левски | |
Салцбург |
Група H
Стеауа | |
Фенербахче | |
Твенте | |
Шериф Таун |
Група I
Бенфика | |
Евертон | |
АЕК | |
БАТЕ |
Група J
Шахтјор | |
Бриж | |
Партизан | |
Тулуз |
Група K
ПСВ | |
Копенхаген | |
Спарта Прага | |
ЦФР Клуж |
Група L
Вердер | |
Австрија Виена | |
Билбао | |
Национал |