|
11.07.2009
Лубеница наместо вода!
Лубеницата делува освежувачки бидејќи содржи јаболкова и лимонска киселина.
Таа содржи неверојатни 95% вода.
Додека конзумираме лубеница, организмот мора прво да го свари влакнестиот дел кој е составен од целулоза, па на тој начин телото постепено се снабдува со течност.
Овој начин на снабдување со течности е покорисен за телото, наместо пиење чаша вода или која и да било друга течност за хидратација на организмот.
Ова е позитивната страна на лубеницата. Токму затоа се препорачува конзумирање лубеница во летниот период и кога температурите се екстремно високи.
Меѓутоа, негативната страна се состои во тоа што лубеницата има големо количество на шеќери.
Токму затоа таа е еден од доста калоричните овошни плодови, според мене не соодветни во диетите за слабеење.
Одберете ја лубеницата ако хидратација на организмот или снабдување со шеќери!... Изборот е само ваш!
01.07.2009
Лечење на рак на дојката без операција
Лечењето на ракот на дојката без операција и лузни како последица на операцијата досега беше незамисливо, но британски доктор разви терапија со светло, па пациентите повеќе нема да мораат под нож.
За детекција и убивање на клетките на туморот на дојката за прв пат е користено светло наместо класична хируршка операција. Пионерот на неинвазивниот третман е британскиот доктор Мо Кештгар.
Третманот е познат како фотодинамичка терапија (PDT) која вклучува вбризгување на лекот со инекција во телото, на местото на туморот. Лекот делува така што подрачјето на туморот го прави осетливо на светлина, а се активира кога со светло (црвен ласер) ќе се погоди во зафатеното пдрачје. Процесот го запира дотокот на кислород на малигните клетки и тие умираат.
Новата техника на отстранување на туморот на дојката е голем напредок во лечењето на оваа болест и добар темел за понатамошни онколошки истражувања. Првите зафати ќе се изведуваат во Royal Free Hospital во Лондон.
30.06.2009
'Бритни Спирс починала денеска. Тажен ден за сите'
'Бритни денес починала. Тажен ден за сите. Повеќе вести наскоро', бил текстот кој некое време стоел на страницата, а вештите раце на Бритниевите програмери проблемот го решиле за половина час, пренесуваат американските медиуми.
Некаде отприлика во времето кога била хакирана страницата, Бритни заедно со својот нов 'вереник' Џејсон Травик била на Родео Драјв и гледале свадбени работи.
Како што пејачката пред неколку дена си поиграла со обожавателите носејќи веренички прстен, така сега нејзините обожаватели со хакирање на нејзината страница решиле да и вратат. Веднаш по објавување на информацијата за верењето на Бритни, таа прстенот го префрлила на средниот прст, што им дала до знаење точно на што мисли.
А дека Бритни е сеуште жешка роба за јавноста, покажува и цената на фотографиите од нејзиниот приватен живот - поранешната пејачка си го вратила ѕвездениот статус, ја променила бојата на косата, со пронашла ново момче и ја здебелила банкарската сметка, односно докажала дека не е битно колку пати ќе паднеш во животот - битно е дека по падот следува раст.
Мобилен телефон за деца до 6 години
30.06.2009
На европскиот пазар наскоро ќе се појави Фајарфлај, мобилен телефон, кој е посебно дизајниран и поедноставен за да можат да го користат и деца што се во предучилишна возраст. Фајарфлај чини 90 евра, има поедноставени опции, а со помош на безбедносниот ПИН, родителите можат да ги контролираат и блокираат несаканите повици. На тастатурата има пет копчиња, од кои две ги претставуваат мајката и таткото. Овие копчиња овозможуваат детето брзо и лесно да ги повика своите родители, додека третото е наменето за именикот, кој собира 20 броја. Преостанатите две копчиња служат за јавување и за прекинување на повикот. Производителот на „Фајарфлај“ смета дека уредот е безопасен, особено бидејќи нема опција за испраќање пораки ниту фотографии, кои би можеле да имаат недозволена содржина. Досега во Британија Фајарфлај е продаден во над 7.000 примероци, но повеќето родители не ги воодушеви. „Овој мобилен телефон отвора многу прашања. Од кои најбитно е што ќе им е на четиригодишни деца мобилен телефон? Да разговараат со своите врсници, со родителите или со воспитувачките од градинка. Не разбирам“, изјави Ени Линч, претседателка на Националниот родителски совет на Велика Британија. На најавите за појава на овој мобилен телефон за деца реагираа и други здруженија за заштита на децата и нивното здравје, кои с
Тимоџи Танабе почина на 114 години |
Најстариот човек во светот кој влезе во Гинисовата книга на рекорди Тимоџи Танабе почина денеска на 114 години во својот дом во местото Миаконохо, соопштија јапонските власти.
Градските власти соопштија дека тој починал мирно во сон, а во последните моменти од животот со него било и целото негово семејство.
Танабе е роден на 18 септември 1895 година во Миаконохо. Тој бил градежен инжињер, а по заминувањето во пензија се занимавал со земјоделство. Според него, тајната за долговечност е „да не се пие и да не се пуши“.
Танабе за најстар човек на светот беше прогласен во јуни 2007 година откако почина Порториканецот кој имаше 115 години.
После смртта на Танабе, најстар човек во светот станува 112-годишниот Јапонец, Џироемон Кимура кој живее во местото Кјотанго.
Малата англичанка не јадела откако е родена
По пат на операција оваа дупка е санирана, но Тиа никогаш не почнала да јаде или пак да пие, иако веќе за тоа не постоела физичка причина бидејќи тоа веќе било решено.
Нејзиното немање на потреба од храна почнува да ги зачудува британските доктори, односно најмногу ги замислува фактот како може таа всушност да преживее.
Секоја вечер пред спиење на малата Тиа и се ставаат витамини и течност директно во нејзиниот желудник со помош на мала пумпичка која што е специјално направена само за неа.
Кога мажите треба да бидат мажи, а жените жени Низ историјата односите меѓу љубовните парови се менувале. Улогите биле различни. Никогаш задачата на жената била да седи дома, да готви, пере, пегла и да се грижи за детето. Мажот бил глава на семејството. Денес улогите се малку поинакви. Жените се образуваат, работат на високи позиции, заработуваат подеднакво а некогаш и повеќе од нивните партнери. Обврските во домаќинството се поделени како и грижата за децата.
Но, дали односот помеѓу нив останал ист? Што се очекува од модерните жени и од нејзиниот модерен сопруг. Кој е во врската/бракот главен авторитет? Кој ги одредува правилата на игра?
Многу мажи тешко се снаоѓаат во новите улоги. Како да не знаат која е нивната задача. Или само се плашат од подобро еманципирани жени?
Во суштина љубовниот однос не се променил. Можеби на професионален план сакаме да бидеме први. Знаеме да бидеме остри, зајадливи. Учиме многу. Се едуцираме. Но кога е во прашање мало љубовно задоволство и понатаму ги бараме истите работи – сигурност, силно рамо кое ќе ни пружи утеха кога ќе ни биде потребна, заштита (иако добро знаеме да се грижиме за себе сакаме да бидеме галени и чувани), но и паметен маж кој знае да се расправа. Кој нема смотано да ги слуша нашите аргументи. Затоа што мажот е силен па треба да знае да се бори макар тоа да го прави вербално.
Во вртлогот на феминизам и борба за човекови права, мажите малку се изгубија. Некои од нив се снајдоа совршено среќни и задоволни што модерната жена не зависи од нив. Што имаат рамноправен партнер со кој можат да делат скоро се’. Со кој можат да бидат искрени, со кој и покрај рамноправноста можат да бидат мажи. Затоа што не сакаат поради тоа што сме жени.
Но одреден процент на мажи никако да застанат со нас на зелена гранка. Се плашат од нас? Или, во што е проблемот?
Тој феномен е проучуван и социолошки. Новиот прототип на мажи се враќа на своите корени – грчевито се држи до машките вечери, територија која припаѓа само на мускулите. Чита машки списанија каде што се глорифицираат машките активности. Но ни таму не може без жени.
Се изгубиле бидејќи не знаат која е нивната улога. Што ние бараме од нив? А ние сме збунети. Не сакаме кукавици. Не сакаме мажи кои со свиткани опашки излегуваат од битките, кои не ги ни започнале.
Љубовта во суштина останала иста. Нашите основни љубовни потреби се останати исти. Како кај мажите така и кај жените. Проблемот настанува надвор од љубовта. Многу мажи во нас гледаат пред се еманципирани аждаи кои ја остваруваат својата кариера. Но зад професионалното руво, ние и понатаму сме ранливи жени.
Сакаме мажи кои ќе бидат мажи. Затоа што ние сакаме да бидеме жени. Не оние бизнис жени. Тоа го чуваме надвор од напите четири ѕида и заеднички кревет. Мажи кои ќе знаат да ни се спротивстават, кои ќе знаат да се борат но и кои ќе знаат да не утешат, спасат да не однесат на сигурно. Бидејќи на нас тоа ни е потребно.
НАСА снимила ’Божја рака’ во вселената Научниците на НАСА тврдат како снимиле ’Божја рака’. Всушност се работи за насобрани сини гасови во вселената кои изгледаат како рака со раширени прсти.
Неверојатната фотографија е снимена со помош на опсерваториумот на НАСА, Chandra X-ray, кој се наоѓа 580 км над Земјината топка. ’Раката’ настанала така што експлодирала ѕвезда ’супернова’, после што настанала нова, околу 20 км широка и ротирачка ѕвезда наречена ’пулсар’.
Пулсар испушта силно електронско зрачење, поради што се создава облак прашина и гас кој е толку широк што на светлината и треба 150 светлосни години да прејде од една на друга страна. Црвениот диск е засебен облак на гас. Се претпоставува дека формата на прстите настанала при преоѓањето на енергијата од ’пулсарот’ кон другиот облак. Научниците на НАСА проценуваат дека моментот кој е забележан на фотографијата се случил пред 17 илјади години.
Двата прста откриваат дали сакате математика или јазик
Кои предмети ќе му одат на вашето дете во училиште може да процените и според големината на прстите. Една најнова британска студија, покажала дека децата на кои домалиот прст им е поголем од показалецот се поталентирани за матетматика и предметите како информатика, физика, па и хемија.
Во случаите кога показалецот е поголем од домалиот прст, детето е наклонето кон учење јазици и книжевност. Научниците веруваат дека ова откритие може да се објасни со нивото на тестостерон и естроген на коешто децата се изложени уште додека се во матката.
Сметаат дека и сексуалните хормони влијаат на развојот на мозокот, како и на должината на прстите.
За тестотстеронот се верува дека ги развива оние делови во мозокот коишто се задолжени за ориентација и математички вештини. А за естрогенот дека влијае на развојот на деловите од мозокот задолжени за вербалните способности. - вели Марс Броснан, главен на овие истражувања.
Броснан додава дека истите хормони влијаат и на должината на дланките и прстите. Тимот научници дошле до ова откритие мерејќи ги десните дланки на 75 седумгодишни деца. Ја поделиле должината на показалецот со должината на домалиот прст за да добијат т.н. сооднос на должината на прстите.
Добиените резултати ги споредиле со постигнувањата на тестираните ученици на училиште. Се покажало дека оние со помал сооднос, односно со помал домал прст имаат подобри оценки по јазиците.
Во возрасната доба кај жените прстите во поголемиот број случаи се изедначуваат, додека кај мажите домалиот е нешто поголем од показалецот.
Зрелите години се најдобри за секс Жените најмногу уживаат во сексот околку четириесетите години, покажуваат резултатите направени од истражувањето на Британскиот часопис "Health plus".
Седум од десет испитаници со просечни години околку 49, изјавуваат дека секојдневно размислуваат околку сексот, додека само 2% од нив воопшто не размислуваат.
Зрелите жени просечно водат љубов седум пати неделно, а занимливо е и одбирањето на просторот каде што тие го прават тоа, 28% од нив тоа сакаат да го прават во тушкабина, 16% во автомобил и кујна, а секоја десета жена води љубов на скали.
Две третини од две илјади испитани жени, сакаат и почесто да водат љубов, а една третина од нив велат дека најдобро сексуално искуство го доживеале со сопругот.
Жените ги избраа и најсексипилните јавни личности, помеѓу машките го избраа Џорџ Клуни, Шон Конери и Бред Пит, а за најпривлечни жени ги избраа Мадона, Лулу и Твиги.
Во школите во Полска нема да има Кока Кола Децата во Полска од есен нема повеќе да можат да купат Кока Кола во школо.
Кока кола ќе ги повлече сите свои продукти од полските школи и ќе ги замени со вода или некој типови на природни сокови.
Од есен во школите повеќе нема да има Кока Кола, ниту пак други газирани пијалоци - изјавила менаџерката на Кока Кола задолжена за околината на Агниешка Крејнер.
Компанијата донесе одлука поради јавната расправа околу штетноста на газираните сокови врз децата.
Сакаме децата од школите да не можат да купат Кока Кола и други газирани сокови, но тоа не може да се спречи бидејки истите се продаваат во продавничките близу училиштето - изјави менаџерката.
Полиција застанала 2 годишно дете бидејќи немало дозвола
Оливер Смит возел автомобилче кога го застанал полицаецот кој што пред тоа го преупредил неговиот дедо дека може да биде казнет поради тоа што вози без возачка дозвола и дека количката ја вози многу брзо.
Таткото на Оливер изјавил за Mirror - Мислев дека татко ми се шегува кога ми кажа дека на син ми му претстои опасност да биде казнет од полицијата поради тоа што ја вози количката без возачка дозвола и дека вози многу брзо. Мислам дека тоа е најсмешна работа која што ја имам слушнато во животот, бидејќи човек оди побрзо отколку што две годишно дете може да вози количка.
Можеби сите продавници што продаваат колички за возење треба заедно со нив да даваат и возачки дозволи - изјавил таткото на оштетениот Оливер.
Полицијата не го коментираше овој случај но наведуваат дека е нормално за деца кои што возат колички да немаат возачки дозволи, но возрасните треба многу да внимаваат на нив.
Еротските играчици и стриптизетите ги забавуваат локалните полицајци, пожарникари и војниците наместо вообичаената публика составена од пијани туристи во клубот Дежа Ву во Burbon street.
Тоа е првиот стриптиз клуб кој што ја отворил својата врата за посетители откако ураганот Катрина ја предизвика најголемата природна катастрофа до сега што е видена во САД.
"Убаво е да се вратат сите на работа, а на сите тие машки им е потребна забава" - изјави Dawn Beasley 27 годишната стриптизета во клубот.
Новата библија можете да ја прочитате за два саати Лансирана е нова верзија на библијата која што драстично се разликува од старата. Досега постоеше мислењето дека библијата е една тешка дебела книга, која што се чита страшно долго.
Но новата револуционерна библија ова мислење многу брзо ќе ви го промени. Како? Едноставно, веќе нема да ви бидат потребни месеци за овој подвиг, туку ќе можете да ја прочитате за само два саати!
Новиот проект е претставен во Кантербуршката Катедрала, а е наменет за сите оние луѓе кои што имаат брз и динамичен живот, а сепак сакаат да ја прочитаат библијата, но се разбира не во нејзината полна верзија.
Авторот Мајкал Хинтон објасил како фокусот на интересите го усмерил кон коренот на народот и познатата широка публика, попатно приказната за Адам и Ева и слично.
За тоа му биле потребни цели две години со што успеал целата библија која што се состои од сто книги и различни верзии да ги смали во 66 страници кои што се читаат за два саати.
Сега за сега оваа верзија на библијата ќе биде испечатена во 11.000 примероци, а за почеток ќе биде дистрибуирана во школите и црквите во Британија.